Наместо со првите одлуки од 5-тиот сет економски мерки Владата итно да помогне на најпогодените индустрии од пандемијата Ковид-19 носи одлука со која на Стопанската комора на Македонија односно опфатените предлог листи на производи на компаниите “локомотиви” членки на Стопанската комора од секторите на метало-преработувачката индустрија, металургијата, текстилната и кожарската индустрија им поклонува неповратна помош во висина од 162,4 милиони евра во 2021 година, која одлука е всушност прва усвоена одлука од новиот Пакет 5 економски мерки за справување со последиците од КОВИД-19.

Од друга страна Владата повторно носи измени на одлука со која повторно се цепка и ограничува работното време на угостителските објекти до 21:00 часот, со исклучок на рестораните и другите угостителски објекти на аеродромите, на бензинските пумпи и во хотелите кои од 21 јануари кои ќе можат да работат со редовното работно време согласно законот.
Овојпат решени во име на НЕЗАВИСНАТА УГОСТИТЕЛСКА КОМОРА, заедно со здруженијата КЛУБ ЕСНАФ од Битола, ПРИЛЕПСКИ МЕАНЏИИ од Прилеп, ТИКВЕШКИ УГОСТИТЕЛИ од Кавадарци, БИСЕР од Куманово, ЗУТ КРУШЕВО од Крушево, АНТИГОНЕА од Неготино и ОХРИДСКИ ЕСНАФ од Охрид, како и во името сите останати угостители погодени од пандемијата Ковид-19 на Владата да и доставуваме рок до 25-ти Јануари да ги оправда нашите очекувања и ги усвои сите наши барања и донесе одлуки со кои ќе креира посебни економски мерки за директна помош и поддршка на угостителската индустрија и тоа во:
Континуитет во помошта – безусловна субвенција за сите вработени во угостителската индустрија во висина на бруто плати додека се во важност ограничувањата со рестриктивните мерки односно протоколите за работа на угостителски објекти или до званично завршување на пандемијата Ковид-19.
Директна неповратна финансиска помош – грант за сите угостители по принципот на доделена ваква помош за ноќните клубови и категоризираните ресторани
Безусловна достапност на угостителската дејност до долгорочни и бескаматни државни кредити за одржување на тековна ликвидност и унапредување на угостителството или побрза достапност на најавениот гарантен фонд или гарантна шема со која угостителите ќе можат да добијат државни гаранции врз основ на кои ќе можат во банките да се задолжат со долгорочни поволни комерцијални кредити со грејс периоди за надминување на проблемите со ликвидноста.
Изедначување на ДДВ за угостителски услуги согласно ветувањата на 10% на сите угостителски услуги во сите видови на угостителски објекти.
Одлагање и репрограмирање на извршни постапки врз угостителите и угостителската индустрија односно трансформација на секое извршно решение во решенија за исплата на рати со грејс период или наплата по завршување на пандемијата Ковид-19.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град