Прва експертска мисија на претставници од меѓународната унија за заштита на природата во НП „Галичица“. Таа е во рамките на три-годишниот проект „Поддршка на НП „Галичица“, за трансформација на паркот во модерен.
НП „Галичица“, во завршна фаза на палнот за десет годишно управување. За таа цел поканети биле и претставниците на меѓународната унија за заштита на природата. Нивната мисија се состои во изнаоѓање на прагматични решенија за се поголемиот притисок врз животната средина и развојните предизвици, како и поддршка на научните истражувања. Оваа унија важи за најстара и најголема глобална мрежа за животната средина со седиште во Швајцарија, и чест е што точно тие денес се тука кај нас, вели првиот човек на „Галичица“ Зоран Ангелоски.
Потпретседателот на меѓународната унија за заштита на природата Стиг Јохансон со низа пофални зборови изрази посебен респект кон НП. Тој рече дека покрај Охридското езеро, НП е уште еден бисер на природната дарба во светот, кој мора да се заштити.
Преку оваа експертска мисија ќе се разгледа и оцени состојбата со критичните прашања во врска со визијата и целите на управување со НП „Галичица“, како и посебните прашања за финансирањето на јавна институција, зонирањето, користење на земјиштето и природните ресурси. Тука сосема е јасна улогата на развојот на НП Галичица во регионот, како и менаџмен планот за управување со паркот, тоа е вистинскиот чекор, според претставниците на меѓународната унија за заштита на природата.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град