Ново од “Жито Леб“- Bake & Cake

Отворен уште еден продажен објект, од ланецот млечни ресторани на „Жито Леб “- Охрид. Овој пат со ново лого, објектот се наоѓа во комплексот Охридати како дел од вилата „Два Бисери“.

 |  Крсте Голабовски  | 
Bake and Cake
Bake and Cake

Bake and CakeBake & Cake, ново лого и уште еден продажен објект на „Жито леб“ Охрид. Новиот млечен ресторан се наоѓа во комплексот Охридати, како дел од Вила Два Бисери. Станува збор за атрактивна локација, за која од менаџерскиот тим на ова претпријатие веруваат дека ќе биде вистинскиот погодок пред почетокот на туристичката сезона. Еден е од петте новоотворени објекти од овој вид, покрај млечните ресторани, кај Гимназијата, Стариот Чинар, Новата Автобуска станица и Кафето Два Бисери, во комплексот Летница. Од „Жито леб“ продолжуваат со реализација на најавените инвестиции, според очекуваното.

Bake and CakeПрозиводствениот процес на Жито леб е засилен со новата целосно автоматизираната швајцарска производствена линија на повеќе видови тесто. Не смее да се занемари и програмата за брзо замрзнување, или т.н шокирање. Програма која во голема мерка им го прави полесен настпат на скопскиот пзар со своите производи. Со склучување на договорот за купопродажба на недвижен имот и соработка помеѓу АД “Жито Леб“ од Охрид и АД “Жито Лукс“од Скопје, во престолнината се отворени 15 продажни објекти, а функционираат и два производствени објекти за бурек и банички. Сериозниот настап на скопскиот пазар го поткрепуваат со планот за нови вработувања,. Се очекува бројката од над 200 вработени постојано да се зголемува. Со овој договор за купување на малопродажниот сектор на АД “Жито Лукс“, „Жито Леб“  ги презема сите активни продавници во Скопје заедно со вработените. Од ова претпријатие продолжуваат со реализација на најавените инвестиции, па така освен Скопје оттаму планираат продажната мрежа да ја прошират и низ другите градови во Македонија, први ќе бидат Струга и Битола, а нивна тенденција е  да воспостават и соработка со странство.

 {loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top