Побарано ново вештачење за утврдување на точното време на консумирањето на алкохолот од страна на обвинетиот Кристијан Шапкар.
Распит на сведоци и барање за ново вештачење. Новото судско рочиште за глисерската несреќа започна со распитот на двајцата сведоци, Данаил Шајноски и Богоја Мангоски, сопственик и вработен во ресторанот „Летница“ од С. Радожда, кои пред основниот суд во Охрид посведочија дека на критичниот ден, семејството Муцунски, биле гости во нивниот ресторан. Истите се задржале во ресторанот неколку часа, каде освен ручекот, поделиле едно шише вино од 0,2 дл и додека сеуште било ден, со своите пловни објекти заминале накај Охрид. И двајцата сведоци потврдија, дека почината Ирина Муцунска го управувала глисерот, а нејзиниот сопруг и синот заминале со скутер. Пловилото на Муцунска заминало од пред ресторанот со вклучена светлосна сигнализација, велат и двајцата сведоци. Надица Димитрова,адвокатот на одбраната со приговор за исказите на сведоците. За неа е симптоматично како може сведоците да се сеќаваат на пијалокот, но не и на храната која ја нарачале семејството Муцунски, како и на тоа, како ја виделе светлосната сигнализација на пловилото на Муцунска, а не се сеќаваат на тоа кој светлосен уред точно бил вклучен. И покрај приложеното дополнување на вештачењето направено од страна на Универзитетската клиника за психијатрија од Скопје, јавниот обвинител, Наум Паноски побара ново вештачење, но овој пат направено од страна на друга институција.
Вештачењето со кое ќе се утврди точното време на консумирање на алкохол, треба да го спорведе Инситутот за судска медицина при Медицински факултет од Скопје.
И адвокатот на оштетените, Татјана Поповски со истото брања. Според Поповски, даденото дополнување на вештиот наод од скопска писхијатриска болница е неуредно, со документи чие потекло не може да се утврди, приложени на странски јазик и без соодветен судски превод. Адвокатот на обвинетиот пак, со став дека дека доплнувањето е доста јасно и потенцира дека во него стои дека не постои ниту една научна формула која со сигурност може да каже кое било точното време на консумирање на алкохол. Само за потсетување, Кристијан Шакар во својот исказ изјави дека пред несреќата не консумирал алкохол бидејки неговата тогашна лекарска терапија не му го дозволувала тоа, но дека кога пристигнал дома после несеќата, испил неколку чашки ракија со цел да се смири. Во резултатите од доплнувањето стои дека обвинетиот, критичниот ден во крвта имал 0.72 промили алкохол во крвта, додека во урината 1,28 промили. Основниот суд во Охрид, го уважи барањето на обвинителот, за ново вештачење, но побара и да се прибави и известувањето од СВР Охрид, за тоа кога обвинетиот се јавил во станицата, како и увид од записникот од Капетанијата за случената пловна несреќа. Дополнителнот реба да одличи, дали ќе бидат сослушани сведоците посочени од одбраната, Јован Костоски, Владо Маленко и Драган Ристески. Инаку, пловната несреќа се случи на 22.08.2009 година, и во неа настрада Ирина Романова Муцунски, додека Кристијан Шапкар заработи кривична пријава за тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Следното рочиште е закажано за 30 април оваа година.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град