Новото раководство на ЈП за стопанисување со паркинзи и спортски објекти својата иднина ја гледа во развивање на спортски туризам.
Директорката на „Билјанини извори“, Гордана Јовановска, вели дека приливот на средства од паркинзите со кои стопанисуваат во моментов е премногу мал за да ги покрие основните трошоци на вработените.
„ Се надеваме дека ќе се направат катни гаражи, кои локаланата одамна ги промовираше и дека со нив ќе стопанисуваме ние. Само така ќе имаме средства не само да опстојуваме, туку и да одиме напред. Ова претспријатие е и за стопанисување со спортски објекти. Дел од тие средства ќе ги насочиме во спортот и во негов развој“, вели Гордана Јованоска – директор на ЈП „Билјанини извори.
Во изминатите два месеци неправени се неколку зафати на терените, вели Јованоска. Беа санирани делови на главниот терен кои беа најмногу оштетени, а се работеше и на санација на соблекувалните со помош на двата фудблски клуба кои тренираат тука. Наша цел е откако ќе ги подобриме условите за спортистите да привлечеме екипи од Романија, Албанија, Србија да доаѓаат да тренираат кај нас, додава директорката. Јованоска за ТВ М ги откри и плановите на раководството за развој на ЈП Билјанини извори.
„ Имаме проекти за 2011 год. Воспоставивме контакти со Хокеарски тим од Холандија, од каде ветија дека ќе ни донираат вештачка трева и дека потоа кај нас ќе прават спортски кампови. За да заживееме како спортски центар ни треба и басен. Градоначалникот вети дека ќе направи се следната година да го санираат постоечкиот басен, но и дека ќе се гради уште еден нов. Со тоа едниот ќе биде градски, а другиот професионален“, вели Јованоска.
Плановите за развој на ЈП Билјанини извори кои ни ги пренесе директорката Јовановска во голема мера беа планови и на екс директорот Илче Каневче. Инаку, Тв М дознава дека Каневче ги напушти „Билјанини извори“ и од денеска е на своето ново работно место во ЈП Ниско градба.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град