Меѓу Македонија и Хрватска покрај добрата соработка на политичко поле, се отвара можност за соработка во стопанството. Охрид доби бесплатен штанд на големиот Меѓународен саем „Вироекспо“.
Охрид обезбеди гратис штанд на Меѓународниот саем за економија занаетчиство и земјоделство “VIROEXPO 2011” кој ќе се одржи од 21 до 23 јануари наредната година во Вировитица, Р Хрватска. Како претходница на оваа покана денес во Охрид престојува висока делегација на Вировитичко-подравската жупанија. Градоначалникот Александар Петрески рече дека добрата соработка со Хрватска се повеќе се потврдува и веќе се отвора ново поле за голема соработка во областа на стопанството. Петрески и овој пат не ги заобилколи укажувањата до Владата за патната инфреструктура која според него мора под итно да се подобри, за поуспешна соработка со земјите од регионот.
Посетата на делегацијата е на заедничка иницијатива на македонското и хрватското министерство за надворешни работи, рече амбасадорот на Р. Хрватска во Р. Макеоднија Иван Кујунџиќ. Тој рече дека цел на денешната средба е продлабочување на соработката не само во политичка сфера туку и во стопанството.
Заменикот на Вировитичко-подравската жупанија Здравко Дијаковиќ, рече дека денешниот состанок бил во насока како стопанството и стопанствениците на двете земји што подобро меѓусебно се поврзат и да се отвори политиката во оваа сфера.
Засоволни од состанокот се и охридските стопанственици. Тошо Чочороски менџерот на Силекс вели дека оваа средба била мошне корисна.Тој додаде дека и презентациите за двата града Охрид и Вировитица биле успешни.
Високата хрватска делегација задоволна од домаќините. Тие ветија дека се ќе направат на нашата земја да и овозможат најдобро да се претстави на престојниот Меѓународен саем кој ќе се одржи во Хрватска.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град