Година на многу новитети во СРЦ „Атина Бојаџи“

Нови базени,трибини како и можно одржување на уште едно ЕП во кошарка.

 |  Крсте Голабовски  | 
SRC
СРЦ

Нови базени,трибини како и можно одржување на уште едно ЕП во кошарка.

SRCОва се само дел од активностите кои ќе ја одбележат годината во СРЦ „Атина Бојаџи“. Охрид и Центарот, оваа година се во игра да бидат домаќини на Европското младинско првенство во кошарка до 19 години. Директорката на СРЦ Гордана Јованоска вели дека, условите и капацитетот на салата се задоволувачки, контактите со КФМ се направени, се чека само посета на нивни претставници на центарот.

„Требаше овој викенд да не посетат, да видиме што бараат а што ние можеме да им овозможиме, да склучиме договор и конечно да знамеме дали ќе биде ЕП тука или ќе одат на друго место, потенцира Јованоска.

JovanoskaРечиси три години поминаа од последните санациони зафати на спортскиот центар, иницирани од одржувањето на 8-то Европско првенство во ракомет за жени – сениорки. Годинава, отаму највуваат поголеми зафати, но на останатите спортски објекти кои се во склоп на центарот. Бидејќи Охрид е град кој буквално лежи на вода, а веќе години наназад не можеме да се пофалиме ниту со пливачка школа, ниту со било какви други активности во сферата на водените спортови, во соработка со Локалната работиме на проект со кој ќе се обидеме истите да ги ревитализираме, потенцира директорката Јованоска.

„До почетокот на летото во соработка со ЛС сме во подготовка на проект за обновување и реконструкција на стариот базен и изградба до него на нов, кој ќе биде од рекреативен каракетер, додека постоечкиот кој е со олимписки димензии ќе се користи за натпреварувања“, информира директорката.

Минатата година за време на одржувањето на манифестацијата „Пиво фест“, беа оштетени и украдени голем број од кошевите кои се наоѓаа помеѓу спортската сала и градскиот стадион. Голем број охриѓани кои редовно, рекреативно играат кошарка на овој простор, реагираа до нашата телевизија, зошто истите повеќе од половина година, никако да бидат вратени на нивниото старо место и ставени во функција. Директорката Јовановска, со објаснување.

„Додека не се донесе ДУП-от кој е во завршна фаза, не сакав да ги оспособувам зошто дополнително ќе се оштетат и ќе бидат украдени. После донесувањето на ДУП-от ќе бидат оспособени за да може децата секојдневно да ги користат“, децидна е Јовановска.

tartanСо донесувањето на ДУП-от за овој опфат, ќе се знае судбината и на двата помали спортски полигони, кои се наоѓаат во близина на каналот, кои се крајно руинирани и претставуваат лоша слика за градот. Што се однесува до градскиот стадион, тој е во одлична состојба, но истото не може да се каже и за неговите трибини, вели директорката. Пред крајот на минатата година доставено е барање до ФФМ за помош во санацијата на овој дел од стадионот, но одговор сеуште чекаме, додава таа. Останува да видиме колкав број од овие најави ќе бидат реализирани и дали новото име на центарот ќе означи и негов нов, подобар почеток.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top