• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Новите вработувања во ЈП„Охридски Комуналец“ и „Градски пазар“, неприфатливи за опозицијата

Новите вработувања во ЈП„Охридски Комуналец“ и „Градски пазар“, неприфатливи за опозицијата

Денес за прв пат во оваа година заседаваа градските избраници. Точките за нови вработувања во Јавните претпријатија  „Охридски Комуналец“ и „Градски пазар“ ги спротивставија нивните ставови. Седницата почна бурно, а заврши со прелетување преку точките од областа на урбанизмот.

 |  Јаковлева Лионела  | 

15те нови вработувања во ЈП „Охридски Комуналец“ и 11 те во ЈП „Градски пазар“, главна тема на дискусија на денешната 66та седница на градскиот совет. Советниците од опозиционите партии жестоко реагираа на предлог Одлукате за давање согласност на Одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во ЈП „Охридски Комуналец“ и  ЈП „Градски Пазар“ за 2017 година. За нив е нелогично како овие две јавни претпријатија кои не остваруваат нови приходи поради што одвај врзуваат крај со крај бараат да вработат нови лица. И во двете претпријатија дел од вработените континуирано се пуштаат на 70%, а се бара да се вработат нови, вели координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски. Тој објаснува дека во „Градски пазар“ во моментов од 29 вработени дури 20 се на 70%., а истата ситуација е и во ЈП „Охридски Комунајец“ каде во текот на цела година по 15 вработени се на 70%, објаснува тој. ЈП „Градски пазар“ за овие 11 нови вработувања ќе треба годишно да плаќа близу 4 милиони денари, а вкупните приходи му се околу 16 милиони денари, вели Стојаноски.

СДСМ во никој случај не е против нови вработувања, но на овој начин се гледа безидејноста на оваа власт која го води Охрид која не знае да отвори нови активности кои што ќе значат и нови приходи. Ако имаа визија, нови идеи за остварување на дополнителни приходи тогаш ќе беа оправдани новите вработувања, а вака не, вели Стојаноски.

Секретарот на општината Димитар Спасески рече дека со годишните програми на јавните претпријатија се предвидуваат и евентуалните нови вработувања во тековната година. Тој додаде дека иако било побарано одобрение од советот за по десетина вработувања и во двете јавни претпријатија тоа не значи дека сите тие и ќе бидат реализирани.

Се работи само за план и концепција на јавните претпријатија, а не се работи онака како што истакнуваат советниците и за вработувања. Планот се носи во максимална бројка, но следствено на финансиските средства со кои располага претпријатието и во рамките на неговите можности се носи одлуката колку луѓе ќе се вработат. Можат да се вработат помалку луѓе од тие бројки кои се предложени во планот, а никако повеќе, вели Спасески.

На дневен ред на денешната седница имаше дури 60 точки, во најголем дел одлуки за вклопување на бесправно изградени објекти кои беа изгласани без некои поголеми дискусии
Се изгласаа и предлог решенијата за именување членови во комисиите за општествени дејности, за верификација, избори и именувања како и во комисијата за урбанизам. Покрај останатите точки на ова издание на седницата на советот беше констатиран и престанок на мандатот на советничката Жаклина Лазареска, која во иднина ќе ја извршува пратеничката функција и и беше верификуван мандатот на нејзиниот наследник, Јасмина Маркоска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top