Новите станбени објекти без дух и креативност

Дел од архитектите апелираат во Охрид да се гради со побавно темпо. Бараат од планерите посериозен и одговорен пристап кон изработката на урбанистичките планови, а при тоа да земат предвид  дека градот припаѓа на сите граѓани.

 |  Валентина Неловска  | 
ohrid
Охрид

Дел од архитектите апелираат во Охрид да се гради со побавно темпо. Бараат од планерите посериозен и одговорен пристап кон изработката на урбанистичките планови, а при тоа да земат предвид  дека градот припаѓа на сите граѓани. Архитектот Маридеја Петров смета дека Охрид е наш заеднички дом и сите треба да го најдеме своето место за живеење во него. Затоа е потребно  да се вградат принципите за одржлив развој на градот. Градбите треба да се во хармонија со останатите природни услови на градот и природата, за да не се уништуваат.
„Планерите кои ги креираат плановите за градби не треба да мислат  само на предемензионираната структура во градбите туку треба да водат сметка и за демографските фактори и геоморфолошката структура на теренот бидејќи тие креираат посебни услови за градба во Охрид. Тие се  разликуваат од  другите македонски градови“, вели Петров. Според архитектката Петров во новите градбите треба да се вградат и новите светски трендови како што се алтернативните извори на енергија и штедење на природните ресурси. На планерите треба да им се предизвик еколошките одржливи методи кои ќе обезбедат перспективи за развој на градот. Посебно планерите би требало да  водат  сметка за сообраќајот  и јавниот превоз истакнува Маридеја Петров.

gradenje

Од естетскиот изглед на градбите , како и повеќето граѓани, и таа  е незадоволна и  вели дека тие се безлични. „Наликуваат една на друга, структури без дух и креативност. Не се обрнува внимание на креативноста заради тенденцијата што побрзо да се гради и да има простор  од комерцијален интерес. Таквото градење го деградира квалитетното живеење,“ потенцира Петров.
Архитектот Маридеја Петров  смета дека на градот му  е потребна совесна демографска политика. Со интензивната градба се поставува прашање дали на градот му се неопходни толку многу станови и деловни простори кои остануваат се повеќе празни. Сериозниот  демографски приод ќе го ослободи градот од претераната неконтролирана градба, а ќе му остави повеќе предност на јавниот простор кој во моментов се повеќе се стеснува смета Петров.  

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top