Ултра квалитетни студенти по информатика. Финишираат инфраструктурните работи на локацијата кај стариот дом на АРМ, кој прерасна во универзитет за информатички технологии. Министерот за образование и наука Никола Тодоров денес, во рамките на својата работна посета на Охрид, покрај целта да го проследи академскиот час, најави дека до средина на декември студентите по информатички технологии предавањата ќе ги одржуваат во новите простории. Недостасува опремување уште на амфитеатарот додаде тој, и задоволен е од досегашниот тек на настаните.
На универзитетот за информатички технологии не е исполнета бројката предвидена на конкурсот од 125 студенти. Вкупно има 75 академци од кои министерот очекува ултра квалитетни студенти. За овој проект познато е дека владата на Р. Македонија издвои средства во висина од 47 милиони денари. До година очекувањата на министерот се дека во клупите на новиот универзитет ќе седнат студенти и од соседните држави.
Во рамките на посетата Димитров одговори и на наовинарско прашање, поврзано со превземањата на мерки од страна на министерството околу новата состојба со свинскиот грип.
Тодоров не ја исклучува можноста од затварање на училиштата доколку настапи епидемија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град