Новини од Центарот за јавно здравје Охрид

Микробиолошки анализи ќе се прават секоја сабота од 08 до 12 часот во Центарот за јавно здравје. Ова не е единствената новина која што доаѓа од оваа медицинска установа.

 |  Николоска Биљана  | 

Центарот за Јавно здравје од Охрид воведува работни саботи. Оваа новина започна од вчера, 01 ноември а целта е подобрување на квалитетот на здравствената услуга која ја пружа овој центар во рамки на превентивната здравствена заштита на населението на општина Охрид, Дебрца и Струга, како што појасна директорот Сашо Точков.

Секоја сабота од 8 до 12 часот, 4 часа ќе работи медицинскиот персонал кој ќе прима пациенти и ќе ги обработува мартеријалите. Резултатите нема да се издаваат во сабота ќе се издаваат во понеделник од наредната недела, значи сабота ќе биде за таа намена

Ова не е единствената новина која доаѓа од Центарот за јавно здравје. Точков информираше дека со цел да се излезе во пресрет на евентуалните вонредни состојби, пред се во случај на појава на епидемии, а во интерес и на инспекциските служби, се воведува и приправност, како и новина во доставување на резултатите, наодите кои што се однесуваат на испитувањето на вода, прехранбени производи како и наодите на пациентите кои што се испраќаат по емаил.

И тоа е во насока на поефикасна и побрза реализација на она што значи примерок кој што не одговара, кој што може да биде опасен за конзумирање а потребно е веднаш реакција на инспекциските служби сега надлежните ќе го имаат веднаш резултатот, наодот од анализата веднаш штом излезе од лабараторијата нема да се чека онаа достава со хартија по пошта итн

Што се однесува на вакцинацијата против сезонски грип, Точков информираше дека е при крај. До сега биле вакцинирани околу 2900 на територијата од Охрид, Струга, Вевчани, Дебар, Дебрца, Центар Жупа. Исто така во тек е вакцинацијата во домовите кај стари изнемоштени лица со цел да се излезе во пресрет на сите оние кои што сакаат да се заштитат од грипот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top