Лоцирање и решавање на проблемите со кои се соочува новинарската фела во регионот. Заедништво и координирано делување е она што е под итно потребно, прво при лоцирањето, а потоа и за решавањето на проблемите со кои се соочуваат секојдневно и редакциите и новинарите, вели координаторот на Регионалниот центар на Здружението на новинари на Македонија, од Охрид, Горан Момироски. Во работата на центарот, покрај координаторот ќе бидат вклучени и претставници од пишаните медиуми, локалните телевизии и како и претставници на камерманите. Станува збор за голем диверзитет на проблеми чиј интензитет во последно време станува се поизразен, потенцира Момироски.
„Секоја редакција и секој новинар одделно се соочува со сопствени проблеми, но само доколку порблемите се канализираат и заеднички се обидеме да ги решиме, ќе имаме успех.Треба да работиме многу повеќе на достоинстото на новинарската професија, но почитување на професионалните стандарди и моралните вредности кои за жал во ова време се навистина изместени, додава Момироски.
Живееме во турбулентни времиња, кога ни новинарството како професија не е имуно на вирусот наречен политика. Во последно време се почесто се соочуваме со уште еден негативен тренд во новинарството, поделба на медиумите на „ваши“ и „наши“, „неподобни“ и „подобни“. Поделба која за жал никако не запира, туку напротив се повеќе се продлабочува, загрижен вели Момироски. Решение на проблемот постои, но и тоа како и самиот проблем не е едноставно.
„Излезот од една ваква состојба лежи во едно ново законско решение, чија изработка е во тек. Станува збор за новиот Закон за аудио-визуелни медиуми“, потенцира координаторот.
Без разлика дали ќе станува збор за регулација од страна на државата, или конечно медиумите ќе се надраснат себе си и ќе воведат една саморегулација или автоцензура со закон утврдена, станува збор за нешто што мора да се направи, дециден е Момироски. Останува да видиме дали конечно под контрола ќе бидат ставени сите девијантни појави во новинарството кои што пради поделеноста помеѓу новинарите, што поради вакумот со нерегулирани односи, си најдоја плодна почва. Неодамна во присуство на претседателот на ЗНМ, Насер Селмани, дописникот од Охрид за националната телевизија Телма и основачот на електронскиот медиум OhridNews ,Горан Момироски беше избран за координатор на Региналниот центар на ЗНМ.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град