Ова е дел од препораките од денешната работилница насловена како „Сексуалната работа и медиумите“.
Избегнување на клишеата во известувањето за сексуалните работници, избегнување на стереотипите и подлабоко истражување на темата сексуален работник.
Ова се само дел од препораките и заклучоците кои произлегоа од денешната работилница наменета за охридските новинари, насловена како „Сексуалната работа и медиумите.“ Целта на работилницата, меѓу другото беше поголемо и посеопфатно информирање на новинарите за начините на известување кога станува збор за темата на сексуални работници, но и принципите кои би требало да се следат со цел што пообјективно и посеопфатно да се известува. Работилницата, која е во организација на здружението на граѓани „ХОПС“ од Скопје, имаше за цел да им ги предочи на новинарите општо прифатените стандарди и принципи на професионално известување за сексуалната работа.
Во рамките на истата, медиумските работници, но и членови на невладината организација Опција кои работат веќе пет години на програмата за поддршка на сексуалните работници и нивните семејства во Охрид и Струга, имаа и практична задача, да го рекреираат целиот процес на прибирање на информации на оваа тема, сублимирање и презентирање на информациите пред јавноста. Според организаторите, оваа практична работа имаше за цел да покаже дека новинарите при известувањето за темата на сексуалните работници треба да пристапуваат без предрасуди и од аспект на обичен граѓанин кој што не поседува никакви претходни сознанија на темата.
Инаку, кога станува збор за сексуалните работници, од здружението на граѓани ХОПС информираа дека според одредени проценки кои се правени на оваа тема, во Македонија има околу 2500 до 3000 сексуални работници.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град