Градоначалникот потенцира дека со новвите вработувања ќе ангажираат лица за кои на одредени позиции локланата самоуправа смета дека има недостаток.
Преку Агенцијата за администрација во Локална самоуправа ќе се вработат 14 нови државни службеници. Ќе се прима еден виш референт за архивско и канцелариско работење, двајца соработници за следење и донесување урбанистички планови, двајца помлади соработници за донесување на урбанистички планови, еден соработник за правни работи од областа на урбанизмот, еден виш соработник за следење и реализација на проекти, еден соработник за туризам и угостителство, еден виш референт – администратор, еден соработник за прибирање и обработка на податоци од областа на културата, еден помлад соработник за културна соработка и еден соработник за прибирање и обработка на податоци и информации од областа на основното и средното образование. Дали со новите вработувања ќе им се регулира работниотв однос на лицата кои се веќе ангажирани во општината или тоа ќе бидат нови лица ќе зависи од тоа кој колку ги исполнува критериумите наведени во огласот, вели градоначалникот Бакрачески.
– Ние ангажираме лица на одредени позиции за кои локланата самоуправа смета дека има недостаток. Објавивме оглас по кој што сите граѓани на Република Македонија, не само на Охрид, можат да се пријават и секако дека ние ќе се трудиме да ги одбереме најдобрите оние кои што одговараат согласно критериумите во огласот.-изјави Бакрачески.
На јавниот оглас се бара и Раководител на одделение за инспекциски надзор – Инспекторат како и Раководител на Секторот за туризам и локален економски развој. Се наметна прашањето дали тоа ќе бидат веќе ангажирани лица или нови.
-Се ќе зависи од квалитетите и компатибилноста на личностите кои ќе се пријават на огласот, вели Градоначалникот
Бакрачески се осврна и на превработеноста во локалната администрација.
–Се уште работиме на мерките и активностите кои што ние сметаме дека треба да ги преземеме за да го решиме тој многу горлив проблем на јавната администрација и јавните претпријатија кои што произлегуваат од неа, кога ќе формулираме дефинитивен став тогаш ќе го објавиме.-рече Бакрачески.
Инаку, рокот за аплицирање на Јавниот оглас за вработување истече вчера.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град