Дали во 2015та жителите на западниот дел од Булевар „Туристичка“ конечно ќе добијат убаво поплочени тротоари. Граѓаните од овај дел на градот веќе дваесет години газат во кал и прашина по раскопани тротоари. Од Локалната велат дека нивната санација е се поизвесна бидејќи уредувањето на тротоарите е влезено во развојната програма за наредната година.
Тротоарите на Булевар „Туристичка“ сеуште чекаат подобри времиња за да бидат реконструирани. Посебно тој од западниот влез во градов е во очајна состојба. Граѓаните кои таму живеат велат дека ваквата слика не е изменета повеќе од 20 год. Иако во Локалната им рекле дека овој тротоар е ставен во приоритетите и дека минатата пролет требало да биде направен, сеуште ништо на терен , вели Миле Кипариз, житетел на УЗ Воска. Тој раскажува дека десетина пати преставници на ова урбана заедница биле во Локалната и доставувале барања за санација на тротоарите. Барањата влегле во план и програма, но досега никој не реагирал и тротоарот сеуште е раскопан, додава Кипариз.
Ние секој ден поминуваме по овој тротоар и мака мачиме . Денес е сончево и суво, а да знаете како е кога врне дожд. Па тоа е само кал и мали езерца од вода. Па за велосипедскава патекла и да не зборувам. Ова не е велосипедска патека. Цела е раскопана и не безбедна. Децата наместо по неа возат на коловозот, изреволтирано раскажува Кипариз.
Од Секторот за комунален развој признаваат дека уште пролетта им ветиле на граѓаните од овој дел на градот дека ќе го направат тротоарот, но некои други градежни зафати испаднале поприоритетни. Додаваат дека во развојната програма за 2015та е предвидена и санацијата на овие тротоари.
Се планира изградба на пешачки и велосипедски патеки на Булевар „Туристичка“, во моментов сме во почетна фаза на реализација на овој проект. Треба да се избере најдоброто идејно решение по што ќе се пристапи кон изработка на проект во кој ќе се утврдат деталите на истиот, рече Љупчо Танески, од Фондот за комунален развој.
Останува да видиме дали граѓаните од овој дел на градот конечно ќе добијат поплочени тротоари како и понатаму не би газеле во кал и прашина.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град