Нови сликовници за новите генерации деца

НУ Библиотека „Григор Прличев“ неодамна го збогати својот фонд со неколку изданија од сликовници кои со сигурност ќе го привлечат вниманието за нивно читање од страна на децата и нивните родители.

 |   | 

НУ Библиотека „Григор Прличев“ неодамна го збогати својот фонд со неколку изданија од сликовници кои со сигурност ќе го привлечат вниманието за нивно читање од страна на децата и нивните родители.

Оваа среда од Градската Библиотека ви претставуваат шест сликовници од едицијата „Мала Европа“ од издавачот Либи од Скопје.

„Самовилата која гледа во темнина“ од унгарецот Ласло Багоши,„Мама“ од белгиските автори Елон Делфорж и Кентен Гребен,„Чао“ од Едвард де Вендел и Марије Толман од Холандија.

Во оваа понуда се најдоа и две прекрасно дизајнирани сликовници од македонскиот автор Ване Костуранов кои со самото појавување во книжарниците станаа бестселери. Се работи за сликовниците: „Девојчето и градот“ и „Девојче и мече“.

Посебно богата со илустрација и прекрасни четива е сликовницата „Бајки од Македонија за цела година“.

Зачленувањето во НУ Библиотека „Григор Прличев“ за една година  за деца е 200, а за возрасни 300 денари. Пултот за зајмување во библиотеката за читателите е отворен од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот.

 

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top