Нови седум наслови во охридската градска библиотека

Охридската библиотека „Григор Прличев“, од вчера 14 април, збогатена е со седум нови наслови, кои веднаш може да изнајмат.

 |   | 

Охридската библиотека „Григор Прличев“, од вчера 14 април, збогатена е со седум нови наслови, кои веднаш може да изнајмат.

Библиотеката претставувањето го започна со три наслови од странски автори. „Убиството на командантот“ од Харуки Маруками во издание на Три, „Претходната ноќ“ од Венди Вокер – Арс Студио и „Сула“ од Тони Морисон во издание на Артконект.

За оваа неделна понуда одбравме уште три книги од македонски автори. Тоа се: „Тесна врата“ книга 1 и „Адамовото ребро“ книга 2 од Оливера Николова во издание на Матица македонска и „Турнеја“ од Сашо Огненовски, Бегемот.

Од делот на стручната литература, есеите и огледите во понудата ја имаме книгата „Како до култура на квалитет во македонското високо образование?“ од Сузана Пецаковска а во издание на Сигмапрес.

Ако се’ уште не сте се зачлениле кај нас, Ве покануваме да го сторите тоа. Годишната членарина во одделот за деца е 200 а за возрасни 300 денари.

НУ Библиотека „Григор Прличев“ за читателите е отворена од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 со пауза за дезинфекција од 13 до 13 и 30 часот.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top