Нови простории, повеќе од потребни

Со решавање на просторниот проблем ќе се подобри функционалноста на Центарот за кардиоваскуларни заболувања.

 |  Билјана Николовска  | 
kardioloshko
Кардиолошко

BakraceskiПретесен  е просторот во кој што моментално функционра Центарот за кардиоваскуларни заболувања. Директорот на оваа установа Никола Бакрачески, ги има запознато сите релевантни институции во државата, за надминување на овој проблем. Во моментов, бројот на услуги и пациенти кои добиваат услуги од кардиоваскуларна нега во нивната установа е зголемен дури за 400%. Бакрачески потенцира дека не може да се замижи и пред напливот на пациенти кој достигнува сервисирање на дури 400.000 илјади луѓе од земјава, посебно од Југозападниот дел. Според согледувањата, Бакрачески смета дека се на чекор до надминување на проблемот и верува дека сите надлежни за оваа проблематика треба да помогнат во тоа.
Денеска на маса кај директорот на Центарот за кардиоваскуларни заболувања стигна и официјално известување за спорот што центарот го имаше со Сојузот на борците, кој е решен во корист на боречката организација.

kardioloshkoБакрачески со свој став, дека и тоа не е конечно, ќе има обжалување на истата, што како процедура ја спроведува јавниот обвинител, но оти тоа ништо не менува во нивните настојувања за проширување, како пофункционално би делувале.
Оптимистичка е и најавата за решавање на просторниот проблем и од Министерот за здравство Никола Тодоров. Тој при неодамнешната посета на Охрид, рече дека има слух за проблемот и ќе направи се што е во корист за функционално делување на Центарот за кардиоваскуларни заболувања од Охрид.
Центарот за кардиоваскуларни заболувања е од круцијално заначење за организација на кардиолошката пракса во Македонија, а воедно прерасна и во втор центар за кардиоваскуларна нега во земјава. Зградата каде што се наоѓа Центарот за кардиоваскуларни заболувања е изградена  во далечната 1957 и нејзината намена првенствено била за одморалиште. Како Центар за кардиоваскуларни заболувања се користи од 1993 година и од тогаш па се досега извршени се низа реновирања.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top