По големиот број поплаки кои пристигале до Министерството за образование и наука за изборот на фирми кои ги организираат училишните екскурзиите ММинистерството и Бирото за развој на образованието ја допрецизираат постапката за нивно организирање. Тиеизработија нови подзаконски акти кои ќе важат од следната учебна година.
Ученичките екскурзии ќе се организираат по нови правилници. Ова доаѓа по големиот број поплаки кои пристигале до Министерството за образование и наука за изборот на фирми кои ги организираат училишните екскурзиите. Жалбите најчесто биле од училишните комисии , а со изработката на правилниците за начинот на водење на екскурзиите министерот очекува да се елиминираат сите шпекулации околу евентуален нетранспарентен процес при избор на фирма. Новина е што отсега постапката за прибирање на понуди училиштето ќе треба да ги објави на видно место на училишната зграда и во најмалку два весници. За првпат се прецизира дека огласот треба да содржи место, начин и рок за доставување на понудите, не пократок од пет дена, детален опис на услугата, минимални услови кои треба да ги исполни понудувачот, документи кои треба да ги достават и информации за точна вредност на банкарската гаранција за квалитетно извршување на договорот во висина од 5 до 15 проценти. Комисијата нема право да ги менува предвидените минимални услови во правилникот. На ваков начин ќе се заштитат и родителите на учениците од непотребни финансиски оптоварувања. Овие правила ќе важат од септември.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град