Дo кандидатот за градоначалник на СДСМ, Александар Петрески и денес пристигнаа прашања од ОК на Вмро Дпмне.
Дo кандидатот за градоначалник на СДСМ, Александар Петрески и денес пристигнаа прашања од ОК на Вмро Дпмне.
Прашуваат зошто е непримерено да го потсетуваат на неговата изборна програма од пред 4 години, насловена како „Секој ден се поблиску до целта“, кога тој истакнува дека остварил повеќе од тоа што ветил.
Портпаролот ОК Вмро ДПМНЕ, Јованчо Секулоски праша што е со ветувањата за воведување на ИСО стандард за квалитет на услугите на локалната администрација и транспарентност во работењето на локалната самоуправа, што е со обновата на локалниот весник „Езерски глас“, и финансиската подршка за збогатување на медиумскиот простор со локални печатени медиуми,каде е подршката на институционалната рамноправност на Египќаните.
Петрески не направи ништо капитално за Охрид, туку тој преку општината гледа да ги задоволи само личните интереси ,свои, и на малечка група, таканаречени „инвеститори“ рече портпаролот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Секулоски. Повикуваат да каже зошто и како Петрески делумно го раздолжил долгот само кон Гранит, а ги зголемил долговите на Охрид по многу други основи.
Секулоски на прес конференцијата кажа дека Охрид не смее да биде воден од човекот кој со својот збор и однесување насекаде го срами Охрид, а охриѓани нема повеќе да се идентификуваат со вакви луѓе.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град