Нови обвинувања, стар тендер

Нови обвинувања во врска со тендерот на Локалната за набавка на touch-screen информативните пултови.

 |  Крсте Голабовски  | 
touch screen
тач скрин

turistiНови обвинувања во врска со тендерот на Локалната за набавка на touch-screen информативните пултови.

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, повторно обвинуваат во врска со овој, како што велат отаму скандалозен тендер.

Нема крај на безбројните коруптивни афери и манипулации на Градоначалникот Петрески, повторно обвинуваат од општинската ВМРО-ДПМНЕ од Охрид. Повторно предмет на обвинувањата е јавната набавка од Локалната на информативни пултови со екрани на допир-Touch screen. Портпаролот на Општинскиот комитет на ВМРО јавно го запраша Градоначалникот Петрески дали е вистина неговата изјава за тоа дека набавката на овие информативни пултови ќе чини двојно помалку од најавените 60.0000 евра. Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ изјавија дека граѓаните сакаат да знаат повеќе за овој тендер.

Портпаролот Мојсоски јавно запраша и за тоа што ќе се случи кога туристите и граѓаните ќе побараат информација на touch screen пултовите за тоа каде се наоѓаат јавните тоалети во нашиов град? Отаму децидни дека во никој случај нема да го простат шестгодишното пустошење  на урбаната, културната и туристичката слика на Охрид од страна на Локалната заедно со Градоначалникот Александар Петрески. Инаку предмет на обвинувањата меѓу двете најголеми партии во градов е вториот тендер на Локалната кој доаѓа после огласот за добивање договор за јавна набавка на информативни пултови со екран на допир, кој беше објавен во јули месец со рок на аплицирање до 9.август, а беше поништен заради пропусти и неправилности во тендерската документација.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top