Нови мерки за поддршка на вработувањето на млади

Поддршка за вработување на млади лица до 29 години. Агенцијата за вработување на Р. Македонија излегува во пресрет на младите со уште две нови популарни мерки, практиканство и обука за дефицитарни занимања.

 |  Николоска Биљана  | 

 

Практиканство и обука за дефицитарни занимања се двете најнови мерки за поддршка за вработување на млади лица до 29 години. Овие мерки се спроведуваат во Агенцијата за вработување на Р. Македонија, а се дел од Европски проект од ИПА програмата. Марија Симјаноска, од охридскиот центар за вработување појаснува дека мерката практиканство е многу популарна и добар дел од младите ја занаат и ја имаат искористено, но ги имформираат и оние кои не знаат и сеуште не ја имаат искористено да се пријават во Агенцијата за вработување.

„Една од мерките е практиканство, која што се однесува на лица кои што имаат минимум завршено средно образоваие и кои што ќе стекнат прво работно искуство во областа за која што го завршиле своето образование. Обуката се однесува на период од три месеци и е платена од страна на Агенцијата за вработување, по 6 261 денар, бруто сума“

Симјаноска појаснува дека сите заинтересирани практиканти своите апликации ги доставуваат до приватни компании. Компаниите не биле обврзани со ништо спрема практикантите, освен да обезбедат услови за да можат практикантите да го стекнат своето искуство, додава Симјаноска. Таа ја објасна и мерката обука за дефицитарни занимања.

„Таа вклучува 4 занимања, обука за службеник ов книговодство, која што опфаќа 100 лица на ниво на државата, неговател на стари лица во домашни услови каде можат да аплицираат 40 лица и по исто толку за останатите две занимања, масери и шминкери. Сметам дека и овие занимања се популарни со кои што кандидатите се здобиваат со сертификат. Обуката трае 4 месеци од кои три месеци се теоретски дел а 4 тиот месец е практична работа“.

После обуката се полага испит, се добива сертификат, ако кандидатот ги исполнил сите услови и посетувал најмалку 70% од обуката, информираше Симјаноска. Право имаат и оние млади лица кои во ЕМУЦ имаат завршено некое од овие занимања, вели Симјаноска.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top