Нови книги за деца и возрасни во охридската градска библиотека

Оваа среда НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во изборот на книги ви нуди уште девет нови наслови кои со сигурност ќе го привлечат вашето внимание.

 |   | 

Оваа среда НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во изборот на книги ви нуди уште девет нови наслови кои со сигурност ќе го привлечат вашето внимание.

Библиотеката подеднакво внимава да набавува нови наслови и за деца и за возрасни се разбира според понудената продукција од нашите македонски издавачи. Децата и учениците уште од денеска можат да ги позајмат: „Мојата ризница со бајки за принцези“ во издание на Просветно дело, „Малечката библиотека“ од Елинор Фарусон – НАМАПРЕС и „Сонувалко“ од Сања Михаиловиќ – Костадиновска, издавач Бегемот. Во одделот за зајмување веќе се достапни и следниве наслови: „Станарката на замокот Вајлдфел“ од Ен Бронте – НАМАПРЕС, „9 приказни за госпоѓица Сит“ во издание на Чудна шума од авторката Билјана С. Црвенковска, „Покана за пријателство“ од Лора Маршал – Топер, „Улицата на светулките“ Хана Кристин – Сакам книги, „Сакај ме со лаги“ издание на Култура од Тарин Фишер и „Избриши ги солзите“ од Линда Хауард – Сакам книги.

Пултот за зајмување во библиотеката е отворен од понеделник до петок од 8 и 30 до 18 и 30 часот со пауза за дезинфекција од 13 до 13 и 30 ч.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top