Новите директори се навистина нови

Основните училишта “Христо Узунов“ и „Братство единство“ наскоро ќе добијат директори

 |  Јаковлева Лионела  | 
hristo uzunov
христо узунов

 Весна Терзиоска, педагог во основните училишта во Велгошти и Лескоец, по се изгледа ќе биде новиот директор во Основното училиште „Христо Узунов“. Таа е една од двете кандидатки кои имаат конкурирано за ова престижно место. Втората кандидатка е Дијана Јулоска, педагог во Основното училиште во Белчишта, Општина Дебрца. Иако на големо се зборуваше дека поранешните директори на основните училишта „Христо Узунов“ и „Григор Прличев“  дадоа оставки на само два месеци од истекувањето на нивниот втор мандат со цел истите повторно да бидат поставени на челната позиција на овие образовни институции, тоа не се случи.

hristo uzunovГрадоначалникот Александар Петрески вели дека не се потврдиле шпекулациите дека ќе имаме старо-нови директори. Тој додава дека и тој и советникот за образование стриктно ги почитуваат законските прописи

И основното училиште Братство единство наскоро ќе добие свој директор. Тоа ќе биде сегашниот вршител на должност Муамер Доко. Деновиве овие предлози треба да пристигнат до Градоначалникот кој во рок од десет дена треба да го избере најподобниот кандидат. Петрески вели дека изборот ќе го направи многу побрзо од овој законски рок

Пред две недели беше избран и нов директор во ОУ „Григор Прличев“. Тоа е Лилјана Спировска, која пред тоа беше наставничка по англиски јазик во ова училиште. Ова бил предлог од Училишниот одбор во ова основно училиште, кој Петрески го прифатил без никакви забелешки. Со изборот на директори во овие три општински основни училишта ќе се заокружи овој процес кој започна кон крајот на минатата година.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top