Денес на итен состанок биле повикани актуелните директори на образовните институции во градов и им било наложено до утре да си поднесат писмени оставки. Од Локалната ниту потврдуваат ниту демантираат дека имало ваква средба.
Образовните институции меѓу првите на тапет во кадровските промени по промената на локалната власт. Дали наскоро осумте основни, трите средни училишта и детската градинка ќе добијат нови директори?
ТВМ дознава дека директорите на сите основни и средни училишта од градов денес одржале состанок со секретарот на општината. На состанокот им било кажано до утре да си поднесат писмени оставки.
За секој од директорите биле издвоени по пет минути и им било сугерирано да си поднесат писмена оставка, а на прашањето од некои од директорите што ако не го сторат тоа им било кажано дека има и други механизми за да се спроведе постапката. На тие кои нема да си поднесат оставка им било потенцирано таа нивна одлука да ја достават написмено.
Градоначалникот Никола Бакрачески ниту демантираше ниту пак потврди дека се одржал состанок со актуелните директори на општинските образовни центри. Тој рече дека Локалната во иднина ќе обрне посебно внимание како функционираат училиштата во градов и дека ќе направи посебна анализа за состојбите во образованието.
Бакрачески рече дека постојано добивал поплаки од родители и ученици за работата во училиштата, а и од луѓе кои се инволвирани во образовниот систем во градов. Тој додаде дека ги чека извештаите од училиштата врз чија основа ќе биде донесен планот за средување на состојбите во образовниот систем во Охрид.
Инаку, оние директори кои ќе си поднесат оставка според законските одредби се враќаат на своите стари работни места.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град