Нови билборди, стари локации

И натаму не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите билборди кои никнаа во градов.

 |  Мишел Наумоски  | 
bilbordi
билборди

Станува збор локациите кои општината ги даде на закуп во мартовскиот јавен оглас. Од вкупно понудените 104 локации, беа закупени 97, а закупувачи се фирмите Акцент медиа и Лазов груп. Од општината велат дека сите билборди се легално поставени, и дека нема билборд кој е надвор од објавениот оглас.

Охриѓани во изминативе 2 месеци постојано здогледуваат по некој нов билборд. После јавниот оглас кој го објави општината во месец март, на неколку локации никнаа нови билборди. Овие билборди имаат прилично големи димензии па лесно паѓаат во окото на граѓаните. Токму поради тоа, голем дел од нив се прашуваа дали станува збор за некои нови локации кои општината ги дава под закуп на заинтересираните фирми.

Од секторот за јавни набавки објаснуваат дека сите локации кои се понудени на јавниот оглас се веќе постоечки локации кои и претходните години биле давани под закуп. Тие потенцираат дека го издаваат просторот за поставување на билборди, а не самите билборди и додаваат дека графичкиот приказ на локациите е направен на тој начин што стручни лица на терен ги утврдувале зацртаните микролокации кои се предмет на огласот.

Договорите за закуп на овие локации веќе истекле, па од секторот за јавни набавки велат дека со цел прибирање на средства за општинскиот буџет решиле повторно да ги дадат тие локации на тендер. Како што ТВМ претходно информираше, на овој тендер се пријавиле само две фирми и тоа Акцент медиа и Лазов груп кои аплицирале за 97 од вкупно 104те локации. На зацртаните локации, закупувачите може, но не мора да постават билборд во зависност од неговата економска оправданост. Од секторот за урбанизам потврдија дека сите поставени билборди се согласно законот и ниту еден од нив не е надвор од зацртаниот графички приказ.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top