Сугерираат прилагодување на законот за заштита и спасување со законот за внатрешна пловидба. Исто така бараат веднаш да се преземат мерки да се инсталира навигационен систем за пратење на пловните објекти, како и комуникационен систем и систем за евиденција на патници.
Здружението на граѓани „Охрид 5-ти септември“, на денешната пресс конференција информираше дека до денес биле собрани 8000 потписи, од граѓани кои ја поржуваат нивните цели и активности. Претседателот на ова здружение истакна дека сега бараат да се забрза истрагата за бродската несреќа што неодамна се случи во водите во Охридското Езеро.
„Бродот Илинден веќе е изваден, а според првичните информации од истрагата не се забележани физички оштетувања и најверојатно се работи за несреќен случај“, истакна претседателот на здружението Сашо Алче. Тој пред новинарите уште истакна дека благодарение на активностите на здружението полека се менува сликата за трагедијата и во бугарската јавност и медиумите и како што рече, со поинаков тон се информира за несреќата.
Здружението на граѓани за утврдување на вистината за бродската несреѓа „Охрид 5-ти септември“ бара усогласување на законите за внатрешна пловидба и за безбедност.
-Ние како здружение ќе се обратиме до Дирекцијата за заштита и спасување за да побара прилагодување на законот за заштита и спасување со законот за внатрешна пловидба, бидејќи во законот во членот 2 во третата алинеа се предвидени други несреќи како пожари, големи несреќи во патниот, жележничкиот и воздушниот сообраќај и никаде несе спомнати несреќите во водениот сообраќај, изјавија од здружението.
Претседателот на здружението на граѓани „5 ти септемви“, истакна дека на Охридското Езеро се регистрирани над 2500 пловни објекти, од кои најголем дел за превоз на патници, поради што бараме веднаш да се преземат мерки да се инсталира навигационен систем кој ќе ги прати пловните објекти. Покрај ова здружението бара и да се инсталира комуникационен систем и систем за евиденција на патници, како и да се овозможат услови за одржување на пловните објекти, како што е сув док каде ќе може да се врши контрола наистите, како и да се формира тим за спасување и интевенции.
-Овој тим би се состоел не само од професионалци од областа на безбедноста на водениот сообраќај, туку во него да има и лекарски тим и екипи кои што ќе можат да помогнат во спасување од крајбрежјето. Од оваа несреѓа треба да се извлечат пораки и ние како охриѓани во иднина да бидеме подготвени и во не дај Боже и во потешки услови спасувањето да не затаи, бидејќи цената на човечкиот живот е огромна и не смее државата и Охрид да штедат на вакви активност , додаде Алче.
На денешната пресс конференција беше кажано и дека претстваници од здружението на граѓани „Охрид 5 ти септември“, неодамна имале работен состанок со бугарскиот конзул во Македонија, Наум Кајчев, кој нивната заложба и иницијатива, ја оценил како благородна и европска и најавил дека ќе направи напор на денот на панихидата, 17 октомври, во црквата Св. Софија во Охрид да присуствуваат членови на семејствата на трагично загинатите туристи од Бугарија.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град