Нови археолошки откритија на јужната половина од цитаделата на Самоиловата тврдина

Археолошките истражувања на јужната половина од цитаделата на Самоиловата тврдина се во тек.

 |  Голабовски Крсте  | 

Археолошките истражувања на јужната половина од цитаделата на Самоиловата тврдина се во тек.
Досега се откриени нови простории и коридори од објектот кој според досегашните сознанија бил изграден од страна на Џеладин бег. Во една од просториите која најверојатно имала функција на оружарница или магацин за оружје се откриени остатоци од околу 50 кубури, неколку бодежи и една парадна сабја. Сите наоди имаат големи оштетувања кои настанале по опожарувањето на објектот.

Истражувањата ги раководи Анатоли Арнаудовски, виш кустос од НУ Завод и Музеј – Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top