Нова водоводна линија во стариот дел од Охрид

Од понеделник ќе започне поставување на нова водоводна линија на улицата Нада Филева.

 |  Тања Кувенџиска  | 
Gorna Porta
Gorna Porta

Ќе се реши проблемот со водоснабдуавњето во стариот дел од градот. Од понеделник службите на МЈП Проаква ќе започнат со поставување на водоводна линија на опфатот од Горна Порта до улицата Нада Филева.  
Имено, години наназад, преку лето, во овој дел од градот, притисокот на водата или е многу мал, или неа воопшто ја нема. „ Особено е тешко во јули и август, кога нашите гости и ние не можеме да се истушираме“, велат жителите од овој дел од Охрид.

ulicaЗафатот за поставување на водоводната линија се очекува да трае две недели.

„При извршувањето на инфраструктурните зафати ќе се внимава и да не се уништи каменот со кој се поплочени улиците во стариот дел од градот“, објаснува влатко Иваноски од МЈП Проаква.

Со овој зафат се очекува во целост да се реши проблемот со водоснабдувањето во Варош и Месокастро, кој некогаш беше честа појава и во останатите делови од стариот дел на градот.
По завршување на летната сезона во план е изведување на сличен ваков зафат на улицата 11 октомври.     

 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top