Ќе стави ли локалната конечно крај на проблемот со урбаната опрема?
Репер за успешноста на туристичката сезона, по некое непишано правило, треба да ни бидат велигденските празници. Но на само една недела од прославувањето на овој голем празник нема ред во узурпацијата на јавната површина во центарот на градот. Локалната самоуправа со нова програма за поставување на урбана опрема ќе се бори против самоволието на одредени граѓани. Програмата изготвена од секторот за урбанизам чека согласнот од заводот за заштита на спомениците на културата. Првиот човек на завод и музеј, Тања Паскали Бунташеска признава дека програмата е кај нив и дека истата деновиве комисиски ќе се разгледува, по што ќе се одовори. Но додека новата програма се разгледа, донесат заклучоци и истата помине на совет, општинскиот инспекторат ќе ја спроведува минатогодишната програма, која советниците во месец февруари ја продолжија се до донесувањето на новата.
„Тоа значи маси столици, чадори, тезги и друга опрема веќе подигнавме и дадени се на прекршочната комисија до министерството за транспорт и врски како надлежна комисија за спроведување на урбана опрема“, вели раководител на општински инспекторат, Танас Танасоски.
Танасоски е категоричен дека годинава нема да има прогледување низ прсти за никого, и дека програмата ќе се спроведува во целот. Иако оваа теорија ја слушаме секоја година, а на терен гледаме сосема друго, останува д му веруваме на првиот човек на инспекторатот. Инаку досега одземени се 58 предмети и истите се препратени во комисијата за спроведување на урбана опрема.
„За физички лица наплатени се 43 глоби по 50 евра изречени и наплатени, додека за правен субјет, доколку користи јавна површина е површина е предвидена глоба од 2 – 4 илјади евра, што значи дека инспекциите од денеска започнуваат да се занимаваат со тие правни субјекти конкретно за централното подрчје, Св Климент Охридски и Гоце Делчев изречени се опомени и се бараат склучување на тие договори. Повеќето имаат склучено договори, се чека да се подмират обврските“, вели Танасоски.
Инаку според програмата за користење на урбана опрема, донесена од страна на советот на град Охрид, правните лица за користење на јавна површина согласно законот, треба да плаќаат 10 денари по метар квадратен, а за поставувањето на тезгите и другата опрема се одлучува по пат на лицитација. На инспекторатот не му задаат главоболки само лицата кои на диво поставуваат урбана опрема, туку и оние кои самоволно си ја зголемуваат површината која ја користат. И за овие лица барем досега беа предвидени санкции и тоа глоба од 4 – 5000 евра треба да плати оној кој самоволно си ја зголемил површината на која поставува урбана опрема и се смета дека лицето воопшто нема дозвола за поставување на опрема.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град