Нова пракса

Народните избраници на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид, еднаш неделно ќе ги посетуваат институциите кои се под капа на Собранието на Р.Македонија.

 |  Николоска Биљана  | 
Goran i Dragana
Горан и Драгана

Владата одговори на барањата на Центарот за култура, се пофали првиот човек на установата Драгана Боцеска. Таа е задоволна од средства во износ од околу 4 милиони денари, кои Министерството за култура ги одобри за реализација на зацртаните проекти во програмскиот дел и кажа каде ќе се употребат истите. Боцеска додаде дека установата е во првата фаза за реконструкција на кино секторот.

Aleksandar Nikoloski„Исто така со големо задоволство ги најавувам и активностите кои шти ни се ветени, техничко осовременување и во кино секторот и секако во театарскиот дел. До денес имавме и проекти кои што значеа инвестиции на овој простор, целосно е сменет покривот и останати други технички работи кои се неопходни за егзистирање“
Охридскиот театар после година дена работа го оправдува своето постоење, и неговото отворање претставува историски чин, вели раководителот на театарот Горан Стојаноски. Буџетот на театарот за годинава е во висина од 2,3 милиони денари, што според Стојаноски претставува солидна сума на Министерството за култура.

„Театарот кој конечно можам да го наречам слободно историски чин, беше формиран минатата година некаде ова време ја остварува својата 5 та премиера, што практично укажува на силата на ентузијазмот и на професионалноста на оваа екипа и на оваа куќа како и препознавањето на Владата и помошта на пратениците за реализирање на овој голем проект “.
На оваа тема се обрартија и Охридските народни избраници од Владејачката гарнитура на ВМРО – ДПМНЕ. Харалампие Шокароски рече дека посетата на националните институции во општинава е нивна главна задача и цел, со посебен акцент на проектите кои ги наметнала нивната Влада.

Hari Sokaroski„Охридскиот народен театар во оваа година дена успеа да стане едно култно место за охриѓани, ова не е фалба туку сведоци сме на тоа, сведочат преполнетите сали на нивните премиери и претстави и не само што се преполни туку се бара и место повеќе, од една страна, од друга страна, кога слушаме за ентузијазмот за работата на самата актерска екипа, тогаш само по себе се наметнува дека резултатите и квалитетот кој ќе ги продуцира и ги  продуцира овој охридски народен театар се неминовни“.
 
Целта на средбите од ваков карактер, кои  претставуваат остварување на нишката помеѓу граѓаните, локалните и централните институции и пратениците, ја појасни пратеникот на ВМРО – ДПМНЕ, Александар Николовски.

„И тоа ќе го правиме во следните неколку месеци како би можеле од прва рака да се запознаеме со работата на институциите, да го пренесиме она што стигнува до нас од граѓаните со кои што сме во редовна комуникација како барања до тие институции а во исто време од институциите да го пренесиме како барања сето она што е потребно до нивните надлежни и претпоставени во рамки на органите и Министерствата кои што се избираат во Собранието на Р Македонија“.
Оваа нова форма на комуникација која што охридските избраници на ВМРО – ДПМНЕ, ја сефтосаа во Центарот за култура всушност е дополнение на редовната пракса од типот на средба со граѓани, посета на населени места, трибините, велат пратениците.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top