Нова подобрена верзија на апликацијата „Мој ДДВ“

Со цел да се постигне уште подобра функционалност на апликацијата мојДДВ за поднесување на фискалните сметки и со тоа на граѓаните да им се овозможи полесно и побрзо да го остварат правото на поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, апликацијата МојДДВ, како и секоја друга апликација подлежи на промени. 

 |   | 

Бидејќи при користење на апликацијата корисниците нередовно ги превземаат новите верзии, Управата за јавни приходи на корисниците им испрати порака со насоки за ажурирање на новата, подобрена верзија. Земајќи ги предвид сугестиите на корисниците, во новата верзија има технички унапредувања во однос на скенирањето на фискалните сметки.

При тоа, системот мојДДВ непречено функционира и ажурирањето на апликацијата не влијае на фискалните сметки коишто граѓаните досега ги скенирале. Заклучно со 30.07.2019 година преку апликацијата МојДДВ скенирани се 6,949,294 фискални сметки, остварен е промет од 3,529,985,093 денари со пресметан ДДВ во износ од 381,833,364, додека повратот од 15 % изнесува 57,275,005 денари.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top