25 невработени охриѓани и стружани имаат можност да започнат со сопствен бизнис.
Ова е резултат на посетувањето на едногодишната ипа програма за меѓугранична соработка меѓу Р.Македонија и Р. Албанија,а финансирана и подржана од Европската унија. Елизабета Петанова, координаторот на проектот вели дека очекуваат дел од кандидатите кои ги посетувале обуките да се пријават на програмата за самовработување и да добијат грант од 3000 евра неповратни средства за започнување сопствен бизнис.
За полесно остварување на целта, а тоа е започнување со сопствен бизнис креиран е меѓуграничен советодавен комитет. Тој се состои од три членови од Македонија и три членови од Албанија. Меѓуграничната соработка е помеѓу градовите Охрид, Струга и Корча.Спиро Михајловски, член на меѓуграничен комитет вели дека на ваков начин сакаат да ги зближат двата града кои изобилуваат со долга историска и културна традиција и секогаш имале солидна економската соработка.
Проектот завршува на 26 Март, а меѓуграничниот комитет досега одржал две средби. Искуствата се крајно позитивни и веќе има најави за отварање заеднички бизниси помеѓу македонци и албанци.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град