Нова метода во Заводот за кардиоваскуларни заболувања

Нова процедура за третирање на комплексни запушувања на срцевите крвни садови. Денес во Заводот за кардиоваскуларни заболувања беше промовирана новата и најкомплицираната метода Ротаблација, од страна на истакнатиот доктор Доцент Владан Лукшевиќ од Србија.

 |  Николоска Биљана  | 

Нова метода во интервентната кардиологија. Од денес во Заводот за кардиоваскуларни заболувања Свети Стефан, ќе се применува новата процедура Ротаблација, за третирање на комплексни запушувања на срцевите крвни садови кои имаат масивни калциумски депозит во ѕидот. За оваа метода се користи посебна апаратура и специфично дизајнирани ротаблациони катетри кои вршат еден вид вртлозно бушење на запушувањата овозможувајќи отворање на крвниот сад, за да може да се постави стент.
Д- р Никола Бакрачески појаснува зошто се наложила потребата од примена на оваа метода.

„Се работи за процедура која што е резервирана за редок број на центри бидејќи нејзината употреба меѓу пациентите кои имаат потреба од стентирање на артериите на срцето варира од центар до центар отприлика од 3 до 7 % и нејзината примена се наложи со стареење на популацијата, со усовршување на техниките и потрошниот материјал во интервентната кардиологија“

Интервенцијата е многу сложена бидејќи се работи за пациенти кај кои артеросклерозата трае долго, болеста е многу дифузна и превенцијата не дава резултати, вели Доц. д-р Владан Лукшевиќ.

„Оваа процедура е составен дел од работата на повеќето сали за катетаризација посебно на оние кои имаат многу голем волумен на интервенции. Оние кои имаат релативно мал волумен на интервенции околу 200 до 300 годишно тие ги праќаат пациентите во поголемите центри тоа да им се направи. Ние во Србија имаме три центри кои ја прават оваа интервенција“

Во Македонија методата Ротаблација покрај во Охрид се изведува само уште на Клиниката за Кардиологија во Скопје. Стапката на утилизација на методата е околу 5 до 7 % од сите запушувања на срцевите артерии.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top