Нова мета на вандалите

Изминатиов викенд јавните добра кои се во функција на граѓаните  и  туристите  беа мета на вандалско однесување од несовесни поединци во Охрид.

 |  Голабовски Крсте  | 
znaci

znaciИзминатиов викенд јавните добра кои се во функција на граѓаните  и  туристите  беа мета на вандалско однесување од несовесни поединци во Охрид.

Овојпат,заштитната ограда на новата кружна крстосница на пресекот на булевар „Туристичка“ со ул.„Македонски просветители“ и еден сообраќаен знак на потегот на пресекот на булеварот „Туристичка“ и ул.„Стив Наумов“ се скоро целосно уништени од страна на несовесни поединци.

Секторот за комунални дејности,сообраќај и улици при општина Охрид  упатува апел до сите граѓани да ги чуваат јавните добра бидејќи  тие се во функција да  го олеснат општественото живеење.  Овие помагала се  финасиски товар на општина Охрид кој на крајот го поднесуваат  подеднакво сите охриѓани.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top