Напад на семејниот буџет. Ова е сублимиран израз на претседателот на ОК ВМРО – ДПМНЕ, Атанаско Михаилов, во врска низата поскапувања на комуналните услуги и водата во градов. И се тоа како вина го препиша на самоволието на градоначалникот Александар Петрески. Според Михаилов, Петрески прави очајнички напори да ја дефокусира јавноста во Охрид од кашата која ја готви и кој се токми да го сокрие скандалозното продавање на Проаква.
Михаилов потенцира дека тие очекуваат интензивирање на работите околу реконструкцијата на болницата и дека чекањето и неизвесноста ќе им се исплати бидејќи ќе добијат најсовремена установа на Балканските простори.
Претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, рече дека ги знае сите добро смислени намери на градоначалникот Петрески, како и неговите смислени сценарија каде ги злоупотребува граѓаните. Тој му порача да престане со тоа, малку да се соземе со неговите вртоглави излети, со цел да ги прикрие своите валкани дела.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град