Нова кривична пријава за поранешниот охридски градоначалник

По завршување на истражната постапка и прибирање на сите потребни докази во предметот, надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство – Охрид  во Основниот суд Охрид поднесе Обвинителен акт против екс градоначалникот на Охрид, за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување.

 |  Голабовски Крсте  | 
petreski

petreskiОсомничениот се товари дека во март  2013 година, како службено лице – градоначалник на  општина Охрид, ги пречекорил границите на своето службено овластување, бидејќи во постапка за доделување договор за краткотраен закуп на паркинг простори со јавно наддавање овозможил постапката да се спроведе и избраниот понудувач да не изврши уплата на износ од 2.010.000 денари надомест за едногодишна закупнина на паркинг просторите.

Имено, обвинетиот првично не постапил по известување на Државната комисија за спречување на корупцијата, која побарала да се сопре постапката за јавната набавка до завршување на изборите за градоначалник и членови на Советот на општината, а потоа и со потпишување на Договорот за закуп на паркинг простор му овозможил на закупувачот корист – да започне да стопанисува со паркинг просторите, предмет на објавата и постапката, без да изврши уплата на договорениот едногодишен надоместок.

Под сомнение за извршени финансиски малверзации поранешниот градоначалник на Охрид беше приведен во полициската акција „ Јагула“, по што беше четири месеци во притвор. Притворени беа и неколкумина негови соработници од локалната администрација.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top