Охрид плански ќе го решава сообраќајниот метеж. Отпочна кампањата „Вози безбедно по кружен тек“ на општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот. Тоа е обид учесниците во сообраќајот да ги разберат правилата и прописите кои што се неопходни за движење по кружните крстосници, како што истакна претседателот на советот, Стефан Димоски.
„Вози безбедно по кружен тек“. Општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот започна нова кампања која ќе трае цела година. Како што истакна претседателот на Советот, Стефан Димоски, целта е да се вози безбедно по главната сообраќајна артерија во градов, „Булеварот Туристичка“, а со тоа да се реши и сообраќајниот метеж, кој посебно може да настане во текот на престојната туристичка сезона. Димоски истакна дека овој проект е многу важен бидејќи содржи правила и прописи пропратени со видео анимација и симулација за правилата и прописите за безбедно движење по кружните текови.
„Ова е всушност обид плус учесниците во сообраќајот но и да ги разберат правилата и прописите кои што се неопходни за движење по кружните крстосници. Со овој проект сакаме да ја подигнеме јавната свест и безбедносната култура кај сите учесници во сообраќајот. Овој проект кој што има превентивен карактер е во едукативна смисла. Целта е да се подигне сообраќајната култура кај сите учесници и сите да придонесеме за побезбедно и побрзо одвивање на сообраќајот, да мислиме не само нба својата туку и на безбедноста на сите други учесници“ – вели Димоски.
Стручните лица веќе го набљудувале однесувањето на сите учесници во сообраќајот на петте кружни тека на булеварот „Туристичка“. Тие воочиле низа грешки кои што ги прават пешаците и велосипедистите. Наташа Гредоска, магистер по сообраќајни науки, кажа кои се нивните препораки за правилно движење на кружна крстосница.
„Пешаците исклучиво смеат да се движат на пешачки премин, велосипедистите можат да се движат по кружните ленти но поради поголема безбедност се препорачува да се движат на велосипедските премини и потоа да се приклучат на саканиот приод. Што се однесува до возачите на моторните возила, при движењето не смеат да ја менуваат лентата од лева во десна и обратно при влез во крстосницата, во кружните ленти и при излезот од крстосницата. Исто така кај кружните крстосници има забрана за паркирање“ – изјави Гредоска.
Денес од Советот за безбедност во сообраќајот на кружниот тек кај Охридска Банка, на учесниците во сообртаќајот им делеа ЦД со материјал за правилно движење по кружните крстосници а исто така се делеа и дополнителни совети. Истиот материјал од денес ќе биде достапен на интернет каналот Јутуб.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град