Нова иницијатива на охридскиот огранок на ВМРО-НП

Ослободување од наплата на 20 метри кубни вода за пиење, канализација и колектор на семејствата кои имаат членови од детска церебрална парализа и на социјалните семејства кои имаат инвалидизирани лица.

 |  Николоска Биљана  | 
logo
лого

Ослободување од наплата на 20 метри кубни вода за пиење, канализација и колектор на семејствата кои имаат членови од детска церебрална парализа и на социјалните семејства кои имаат инвалидизирани лица.

presДве целни групи од социјалната сфера на живеење на граѓани на Охрид опфатени со новата иницијатива на ВМРО-НП. Имено, група советници на оваа партија бараат од градоначалникот Петрески и охридските советници, семејствата кои имаат членови заболени од церебрална парализа и инвалидизирани лица да бидат ослободени од наплата на 20 метри кубни вода за пиење, канализација и колектор. Советникот Јоне Станкоски оваа иницијатива пред се ја гледа како хуман гест кон овие лица кои имаат специјални потереби.
Од оваа иницијатива благодет би имале околу стотина семејства во градов, вели Владо Цветкоски. Тој додава дека дефинитивниот износ ќе го одредат стручните служби на општината, и смета дека сега е вистинско време за прифаќање на иницијативата, пред изготвување на општинскиот буџетот за наредната година.
За нецели десет дена ова е втора иницијатива на ВМРО-НП. По првата иницијатива која се однесуваше за наименување на улица во Охрид, во чест на Јордан Мијалков, деновиве имаше и реакција од страна на ВМРО –ДПМНЕ. Станкоски даде и свој коментар-„не знам од кои причини ВМРО-ДПМНЕ така се изјасни и не гледам каде е нашата неискреност. Да се заблагодари за допринесот на еден човек е само оддавање почит кон неговото дело“.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top