Високите парични казни со кои се закануваа од МВР не ги спречи силните експлозии од употреба на пиротехнички материјали. Новогодишните празници голем број граѓани ги минаа растревожени и револтирани, коментирајќи дека надлежните покажуваат моќ само на збор, но не и на терен.

Како и изминатите, така и овие новогодишни празници, поминаа во знак на детонации од употреба на пиротехнички материјали. Најмладите, преку цел ден ги палеа петардите што нивните родители- им ги купиле за Нова година, игнорирајќи ги бројните предупредувања за штетните последици од нивната употреба.
Попусто останаа и ветувањата од СВР- Охрид, дека нивните служби постојано ќе бидат на терен и ќе ги казнуваат прекршителите на Законот за јавен ред и мир.
Од страна на СВР- ОХрид во повеќе наврати, пред медиумите, беа потенцирани високите парични казни кои треба да ги платат родителите чии деца користат пиротехнички средства.
За потсетување: Од 600- 800 евра е висината на казната која треба да ја платат родители на малолетници кои не наполнале 14 години, од 200- 500 евра треба да платат малолетници над 14 години.
Согласно тоа, јавноста очекува информација од СВР- ОХрид за тоа- на колку родители за време на празнициве им се изречени казни затоа што нивните малолетни деца користеле пиротехнички материјал.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град