Нова динамика на подигање комунален отпад

Врз основа на мерките на Владата за спречување на ширењето на COVID – 19 и Одлуката за забрана на движење на граѓаните на целата територија на државата донесена на 36.тата седница на Владата на Република Северна Македонија, јавното претпријатие „Охридски комуналец“ го измени распоредот на подигање на сметот на неколку улици во градот.

 |   | 

Вo сабота, на 11 април, ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид нема да врши подигање на комунален отпад од домаќинства од следните улици: “Јане Сандански” , ”Даме Груев”, “Прва Македонска Ударна Бригада”, ”Марко Цепенков”, “Андрија Јованоски”, “Момчило Јорданоски” , “Питу Гули” , “28-ми Април” и “130” .  Истиот ден ќе вршиме само подигање на комуналниот отпад депониран во контејнерите поставени во централното градско подрачје.

Подигањето на комуналниот отпад од горенаведените улици ќе се изврши во среда, на 15 април, информираат од комуналното претпријатие.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.

© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top