Нова организација на локалната администрација

Ново организирање на локалната администрација ќе следува наскоро во Охрид.

 |  Маленкова Татјана  | 
sednica na sovet
седница на совет

За предлог одлука  организација на локалната администрација, расправаа советниците на деветтата седница на совет и истата доби зелено светло.Секретаротна општина Охрид Димитар Спасески вели дека овој потег на локалната е резултат на наследената обемна администрација, како и на несоодветниот начин на распределба на вработените во секторите и одделенијата.  Според него со новиот начин на организирање, ќе се создадат и неколку нови сектори, а некои од досегашните ќе бидат раздвоени.

Секретарот потсети дека новата локална самоуправа  со превземањето на власта се соочила со огромен број на вработени околу 276 државни службеници сите сконцентрирани во рамки на 8 сектори плус инспекторатот и територијалната противпожарна единица, одделението за човечки ресурси и одделението за внатрешна ревизија. „Од досегашната работа во овие три месеци се констатира дека голем дел од обврските се сконцентрирани на едно место, а тоа спречува да се даде квалитетна услуга како што заслужуваат граѓаните“, истакна секретарот Спасески.

„Од тие причини се прави проширување во организацијата по што ќе направиме правилна систематизација sednica na sovetкаде ќе дојде до проширување на секторите.  Се работи за секторот за правни и општи работи кој досега функционираше како едно, по новата одлука на советот на општина Охрид ќе се подели на два, сектор за правни работи кој строго ќе биде насочен кон правните активности, а секторот за општи работи ќе си ги покрие деловите кои досега беа несуштински за заедничкиот сектори на овој начин ќе се обезбеди поголема ефикасност“, истакна секретар на општина Охрид, Димитар Спасески.

Во рамки на секторот за општи работи ќе биде вклучено и одделението за јавни набавки кој досега беше дел од секторот за финансии, а секторот за финансии и  одделението за јавни набавки да бидат одделен сектор со што би се овозможил полесен систем на контрола. Ќе се дели и секторот за урбанизам и животна средина и  тоа на сектор за урбанизам и градежно земјиште, кој ќе ги обработува сите прашања од урбанистичката свера и сектор за животна средина кој во иднина ќе го решава третирањето на отпадот и ќе изработува меѓународни и домашни проекти.

И Секторот за јавни дејности добива неколку нови сектори, а особено значен според Секретарот ќе биде сектор за култура и соработка со УНЕСКО. Ќе се формира и еден сектор за образование детска и здравствена заштита, како и сектор за млади спорт и невладини организации.
Советниците од ВМРО ДПМНЕ во целост  го подржуваат предлогот на локалната за новата оранизација на општинската администрација.
Советникот Дејан Пановски истакна дека „Новата систематизација во Локалната самоуправа e досега најголема реформа на новата Локална самоуправа во Охрид. Очекувам со оваа реформа да се подобри функционалноста на Општината пред се во интерес на граѓаните. Исто така новите сектори за меѓународни односи и соработка со УНЕСКО очекувам да ја зајакнат меѓународната улога и значење на Охрид и да обезбедат подобра координација со меѓународните организации. Ова е реформа која може да води до обезбедување на позитивниот пресврт за Охрид„ истакна Пановски.
Спротивно на ова советничката група на СДСМ беше против овие измени, поради како што кажа координаторот Томислав Тунтев неколку причини.

„Првата причина е зголемубањето на бројот на секторите од 9 на 12, со тоа се зголемува и на бројот на одделенијата. Нашето мислење е дека со тоа се сака да се задоволат апетитите на неколку партиски војници што треба да станат раководители на тие сектори на оделенија, а дека всушност во ефикасноста на работањето нема да се добие многу. Сведоци сме дека изјавите на градските власти одат дека се работи за гломазна администрација неефикасна општинска администрација, голем дел на вработени, а одеднаш добиваме предлог за зголемувањето на секторите и одделенијата“, истакна Томислав Тунтев, координатор на СДСМ.

Останува да видиме дали овие промени во организацијата на локалната администрација ќе ја подробрат работата на администрацијата и што е уште поважно дали на овој начин ќе се обезбедат повеќе проекти кои ќе и донесат финансиска добивка на општина Охрид.  

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top