На државната олимпијада по хемија, од 133 натпреварувачи ученичката Марија Симоноска го освои третото место. Оваа награда но и љубовта кон оваа природна наука најверојатно ќе бидат повод за изборот на најзината идна професија.
Трета награда во многу силна конкуренција. Уште еден успех на ученик од ОУ Св. Климент Охридски. Од 133 натпреварувачи на државната олимпијада која се одржа неодамна во приватниот колеџ Јахја Кемал, охриѓанката Марија Симоноска го освои третото место. „Бев премногу сигурна во себе и она што го имав научено, но силната конкуренциа сепак си го направи своето“, вели за ТВМ Марија Симоноска.
Наставничката Дивна Стрезоска под чие менторство Симоноска ја доби наградата вели дека учениците ги следи подолг период пред да одлучи кој ќе го претставува училиштето на државната олимпијада.
Таа додава дека според прописите на организаторот секое училиште може да пријави само еден ученик како натпреварувач. „Се бараат продлабочени знаења за докажаување на киселини, бази, соли. Навистина ученикот треба да има добри знаења поточно се што се изучувало во седмо и осмо одделение но и многу повеќе.
Инаку ова не е прв натпревар на кој учениците од Оу. Св. Климент Охридски по хемија да освојат високи награди. Првиот успех беше во 2009 година кога ученичката Викторија Димова го совои третото место, минатата година претставникот од св. Климент беше рангиран на четврто место поради тоа што со трето рангираниот имаа исто бодови, за да годинава повторно во многу силна конкуренција го освојат третото место.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град