Нов шок за македонскиот семеен буџет

Последните поскапувања на нафтените деривати, до темел ја разнишаа и онака лошата економска моќ на македонското семејство.

 |  Голабовски Крсте  | 
semafor
семафор

Граѓаните во шок. Последниот удар кој на нивниот семеен буџет им го нанесе Регулаторната комисија со одлуката за уште едно зголемување на цените на нафтените деривати, крајно ги револтира. Трпи нивниот семеен буџет, трпат нивните бизниси, очајни се граѓаните.

pumpa„За мене лично, права катастрофа, за сол не можам да заработам, а камо ли за леб, не ме удира само мене, ги удира сите во општеството и ако може да поефтини, а не да поскапи, зошто за сол нема да извадам“ се жалат граѓаните.

 Па работиме со градежништво, имаме три-четири возила, безин трошам по 500-600 евра месечно и повеќе“ се жалат тие.

Но ова изгледа не важи за жителите од соседна Албанија, кои како што велат вработените на бензиските пумпи, се нивни чести муштерии, што пради поволната цена, што поради високито квалитет на горивата.

И експертите согласни. Велат зголемувањето на цените на нафтените деривати не само што повлекува мултипликативни поскапувања кај речиси сите производи и услуги, туку во голема мерка тоа ќе влијае и на намалување на потрошувачката, бидејќи дополнително ќе ја загрозат и онака лошата економска моќ на македонското семејство. Проф.Д-р. Јованка Билјан од ФТУ од Охрид објаснува дека најголемо влијание врз движењето на цените во Македонија има промената на цената на нафтата на светските берзи, а цената на нафтата е регулирана од страна на регулаторната комисија, која пак ја одредува највисоката малопродажна цена. За тоа кој и дали профититра од овие поскапувања е потребна детална економска анализа, додава проф Д-р Билјан. Но бројките сеуште им одат во прилог на производителите на горивото и секако на државата.

benziska pumpa„Малопродажните цени на нафтените деривати имаат своја структура, повеќе од 50% е цената на производителот, една четвртина од цената отпаѓа на акцизите, она што е за државата. Има и други давачки, како надоместокот за животна средина, задолжителни резерви на нафетени деривати и слично“ објаснува Билјан.

Малку е веројатно дека ударот ќе биде амортизиран на крајот на оваа недела кога Владата на седница ќе разговара за можноста за намалување на ДДВ-то за транспортерите и намалување на акцизите. По вчерашното поскапување на бензинот за два и дизелот за половина денар од литар, Министерот за економија Ваљон Сарачини, за овој петок најави разговори со ОКТА и за промена на методологијата за утврдување на цената.

{loadposition content9}

 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top