Нов систем за прибирање и дистрибуција на крв

Од јануари оваа година, крводарителските акции во Македонија ќе се организираат само со амин од новименуваниот Институт за трансфузилошка медицина од Скопје.

 |  Крсте Голабовски  | 
kev
крв

ktvodaritelska akcijaУлогата која досега ја имаа трансфузиолошките служби во болниците од Јануари оваа година ја презема Институтот за трансфузилошка медицина од Скопје или поранешниот Државен центар за трансфузиологија. Според последните измени во моделот со трансфузиолошките служби во Македонија, формирани се 4 регионални центри кои во иднина треба да функционираат. Собраните единици крв од локална крводарителска акција ќе се транспортираат до Државниот центар за трансфузиологија, од каде пак потребните единици крв ќе бидат доставени поединечно во регионалните центри. Тоа се Скопје, Штип, Битола и Тетово. Глигор Новачевски, стручен соработник од Црвениот крст на Република Македонија вели дека слабостите на овој систем брзо ќе се воочат.

За жал, досега тоа многупати го дискутиравме, Охрид е туристички центар, кој има две служби за трансфузиологија, тука е исто така Струга. Ова е фрекфентен регион, кој  по моја констатација, требаше да биде самостоен, да има поголеми придобивки од целата таа работа, вели Новачевски.

Антонио Додовски од општинската организација на Црвениот крст од Охрид, истакна дека проблемот со новиот модел, е тоа што сега целосната логистика на трансфузиолошката служба ќе треба да доаѓа од Скопје. Ние имаме постоечки две служби, вклучувајќи ја и дијализа од Струга, се три, меѓутоа одлуката се носи на централно ниво, додава Додовски.Тој вели дека новиот модел ќе предизвика промени на навиките кај крводарителите. Брзината на организирањето на крводарителските акции сега исто така ќе биде доведена во прашање.

Инаку во 2010 година на територијата на Република Македонија се собрани вкупно 56.846 единици крв. Државата може да се пофали со континуирано обезбедување на потребните единици крв. Охрид е на четвртото место по бројност на крводарителски акции во Македонија, веднаш по Виница, Штип и Крушево. О.О на Црвениот крст од Охрид бележи пораст од 60% во бројот на собрани едници од оваа дргаоцена течност.
{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top