Како што синоќа ТВМ објави, Науме Јовановски е новиот претседател на СДСМ Охрид.
Од друга страна гласините за нов претседател на општинската ВМРО-ДПМНЕ во септември, за централата во Скопје се чиста шпекулација.
Експресно избран новиот претседател на СДСМ од Охрид. Конвенцијата за избор на претседател на охридските социјал-демократски траеше дваесетина минути и помина во фер атмосфера. На новоизбраниот претседател Науме Јовановски, екс претседателот Томе Чингоски му упати кратка порака, во која рече дека, се надева дека новиот претседател ќе смогне сили да ја надмине катастрофално лошата состојба во Охридската СДСМ. Преку оваа порака Чингоски или несвесно го призна својот неуспех во делувањето како прв човек на ОО на СДСМ или навистина се чувствува немоќен во извршување на две функции – едната на локално, другата на централно ниво.
За ТелевизијА ТВМ, новоизбраниот претседател изјави: „Ми претставува чест и задоволство укажаната доверба од страна на членството на СДСМ за доделената функција“. Тој додаде дека заложбите на централата ќе ги спроведува и на локално ниво, во согласност со реформата на СДСМ. Во насока на функционирање на партијата, Јованоски најави огромни промени, од кои не е исклучен ниту првиот човек на Охрид од редовите на СДСМ, градоначалникот Петрески. Новоизбраниот претседател ги подржува дел од советниците на СДСМ во нивните заложби, за кои што ТВМ веќе информираше, а се однесуваат на спроведување на политичката платформа на СДСМ во Советот на општината, а не подршка по секоја цена за градоначалникот.
Што се однесува до опозиционерите во Советот на општина Охрид, ВМРО-ДПМНЕ, ништо ново на полето на општинското структуирање. Гласините кои излегоа во јавноста за можен избор на нов претседател на ВМРО-ДПМНЕ во Охрид, од централата во Скопје ги офрлаат како чиста шпекулација. Според Александар Николовски, пратеники од Охрид и член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, нема потреба од избор на нов претседател на општинска организација.
„Објавениот конкурс, за избор на нови претседатели во општинските организации на ВМРО-ДПМНЕ, важи за оние места каде што старите претседатели добија нови функции. Во Охрид нема потреба за промена, бидејќи не му е поминат мандатот на актуелниот претседател Борче Стефановски„ вели Николовски.
Со изборот на претседател на општинската СДСМ, како и демантот за избор на нов претседател на општинската ВМРО-ДПМНЕ, двата најголеми политички табори се комплетни. Во претстојниот период следува анализа на претседателските и локалните избори, кој зошто изгуби а кој зошто доби. Се надеваме на плодна работа од страна на двете партии и во Советот на општината, во интерес на сите граѓани на Охрид.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град