Нов пат Охрид – Св Наум бараат мештаните

Жителите од населените места долж магистралниот пат Охрид Св Наум, бараат нов асфалт и проширување на патот. Тоа им било ветено веќе неколку пати, а досега неисполнето. Тие укажаа дека постоечкиот пат е опасен и претставува магнет за сообраќајни незгоди.

 |  Николоска Биљана  | 

Магистралниот пат Охрид – Св Наум е во многу лоша состојба. Големи дупки, уништен асфалт, застарени сообраќајни знаци, зарѓани и искорнати банкини а на критичните места и тесната коловозна лента, се само дел од опасностите кои ги демнат возачите на оваа сообраќајна делница. Овој пат е изграден далечната 1969 година и речиси 5 децении овој пат само се закрпува на одредени места. Ваквата состојба можеби е најлоша во населените места како што е тоа туристичката населба Пештани каде се почесто се случуваат сообраќајни незгоди. Мештаните бараат проширување на патот и нов асфалт.

Имавме дадено апел уште на претходната власт, да се санираат дупките бидејќи е патот Охрид – Св Наум е многу прометен, така да ќе бараме или санација и ли изградба на нов пат како што вети претходната власт. Веќе четири пати се фалеа. Значи само се перат пари а од патот нема ништо“
„Патот моментално е во критична лоша состојба, се прават многу несреќи во лето има многу голем застој. Овде патот треба да се прави одново, магистрален пат е за Албанија. Зима е потешко, кога паѓа снег со денови не го чистат“

На овој проблем укажаа и граѓанските активисти. Есад Арслани вели дека бараат ангажман на локалната и централната власт, еднаш засекогаш да се стави крај на овој проблем.

Патот од Охрид спрема границата за Албанија е многу тесен, катастрофален и се случуваат многу сообраќајни незгоди. Затоа бараме да се направи автопат од Охрид до Св Наум за да може и туристите да имаат покомотно движење“.

Инаку во изминатиов период имаше најава дека ќе се гради нов пат од Косел и да завршува кај граничниот премин со македонско – албанската граница. Тогашната Влада согласно сопствената програма имаше зацртано реализација на овој проект од 2013 до 2019, за што би биле вложени средства во висина од 70 милиони евра.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top