Со нов каталог ќе се привлекуваат германски туристи

Нов каталог за германските туристи. Промотивниот материјал, кој на 80 страници, преку слика и текст, ќе раскажува за убавините на Македонија, е дело на долгогодишен туристички работник од Германија, кој потекнува од Охридско. „Гледајќи како другите земји се борат за повеќе туристи, одлучив да направам каталог под наслов „Македонско сонце, одмор на Охридското Езеро“, вели авторот на каталогот Климент Китаноски. Китаноски открива дека Македонија како туристичка дестинација воопшто не им е позната на Германците.

 |  Татјана Маленкова  | 
katalog
каталог

Нов каталог за германските туристи. Промотивниот материјал, кој на 80 страници, преку слика и текст, ќе раскажува за убавините на Македонија, е дело на долгогодишен туристички работник од Германија, кој потекнува од Охридско. „Гледајќи како другите земји се борат за повеќе туристи, одлучив да направам каталог под наслов „Македонско сонце, одмор на Охридското Езеро“, вели авторот на каталогот Климент Китаноски. Китаноски открива дека Македонија како туристичка дестинација воопшто не им е позната на Германците.

„ Ако една дестинација не е позната не можеме да најдеме интерес за да ја посетиме. Затоа го направив каталогот, за нашите убавини да ги пренесеме на европската туристичка берза, а со тоа да очекуваме интерес кај нашите гости“, истакна авторот на каталогот  „Македонско сонце, одмор на Охридското езеро“, Климент Китаноски.

Китаноски од своето долгогодишно искуство открива дека убавите фотографии од земјата која се промовира, можат многу да придонесат за тоа дали некој ќе добие желба да ја посети таа земја или не.
„Јас долго време се обидувам да стапам во контакт со вашите државни институции за да размениме искуства околу промоцијата на Македонија. Се надевем дека агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ќе ни помогне оваа единствена програма за промоција на Македонија во Германија да се отштампа и достави до 15-те илјади туристички агенции во Германија.

Гостинот од Германија соопшти дека во моментов група Германски туристи престојуваат во нашата земја. “Туристите се презадоволни и воодушевени од она што го видоа“, истакна Китаноски.
Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот поддржува различни иницијативи кои можат да продонесат за добра промоција на Македонија, вели заменик директорот на агенцијата Владо Суклоски.

„ Во брошурата сметаме дека има многу матријал кој може да се искисти.  За тиражот нахнадно ќе се договориме, како и за тоа во кои земји ќе ја доставиме“, истакна заменик директор на агенцијата за промоција и подршка на туризмот, Владо Суклоски.

promocijaИ од ФТУ кои денска беа домаќини на промоцијата на каталогот, задоволни од иницијативата за промоција на Македонија на овој пазар. „Се надеваме дека ќе допринесеме да се спојат науката и практичното“, вели проректорот на Универзитетот Св. Климент Охридски проф. д-р Пере Аслимоски. И Професорот Аслимоски признава дека Германските туристи многу малку знаат за Македонија.

„ Македонија е земја од чоколадни вредности и магнет за туристи“, истакна проректор на УКЛО Битола, проф. д-р.Пере Аслимоски.

Каталогот првично беше промовиран во ФТУ. Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот најавуваат дека од овој каталог, доколку има интерес, можат да се направат и помали брошури, во зависност од потребите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top