Нов директор, нови планови

Охридско лето преку цела година, задржување на  рејтингот на фестивалот како и подигнување на имиџот во светски рамки, потпишување на договори со врвни светски фестивали и уметници, се дел од плановите на новиот директор на фестивалот Васко Василески.

 |  Татјана Маленкова  | 
Vasko Vasilevski
Vasko Vasilevski

Охридско лето преку цела година, задржување на  рејтингот на фестивалот како и подигнување на имиџот во светски рамки, потпишување на договори со врвни светски фестивали и уметници, се дел од плановите на новиот директор на фестивалот Васко Василески. Тој на денешната прва средба со новинарите најави дека за време на неговиот мандат како директор ќе направи се покрај стандардната програма, да има и програмско освежување на фестивалот што ќе придонесе за негова долговечност зголемување на посетеноста како и придобивање на помладата публика која би го следала фестивалот.

„Ќе се залагаме за воведување на новитети. Сакаме да ги искористиме знаењата и искуствата на некои светски фестивали кои во рамките на нивните програми организираат обуки за театар, балет, класична музика, модерен балет, џез….. затоа сакаме да ги развиваме контактита со светските уметници и музички фестивали“, истакна директор на Охридско лето Василески.

„Се надевам дека со заедничка работа со целокупниот тим, дека Охридско лето ќе го направиме многу подобар фестивал, со што овој фестивал во иднина ќе биде една успешна приказна“, истакна директорот на Охридско лето.

Василески како фестивалско освежување најавува и воведување на засилена културна активност и во зимскиот период, нешто што како идеја поминало и на управниот одбор на фестивало. Идејата е да профункционира и „Зимско Охридско лето“, со што би се допринело во културното живеење на Охрид во текот и на зимскиот период, додава директорот Василески. Тој појаснува дека оваа идеја би се спровела по урнег на неколку светски фестивали кои покрај тоа што имаат летна, имаат и истотолку квалитетна и зимска програма.

Letra i VasilevskiПретседателот на Управниот одбор Зоран Велјаноски Летра  задовлен од програмата која ја понудил директорот Василески. Тој смета дека како тим ќе направат се, за истата да ја реализираат во целост.

Директорот на Охридско лето истакна дека е свесен дека фестивалот со кој ќе раководи следните четири години има и долгови. Тој потенцираше дека финансиската состојба на фестивалот ќе може да зборува по финасиска ревизија.

Василески ги повика и приватните компании многу повеќе да инвестираат во фестивалот, за да допринесат за зголемување на неговиот буџет.
Директорот не сакаше да коментира дали ќе има промена во селекторкскиот тим на Охридско лето. Тој остакна дека во текот на наредната недела ќе се сретне драмскиот и музичкиот селектор Ѓорѓи Јолески и Гордана Јосифоска Неделковска, за да слушне какви визии имаат за иднината на фестивалот.
Директорот василески на пред новинарите најави транспарентна работа со медиумите.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top