Нов апарат за магнетна резонанца доби болницата „Св. Еразмо“ од Охрид

ЕУ донираше нов апарат за магнетна резонанца во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо во Охрид. Со овој апарат, донација од ЕУ, ќе се подобри здравствената услуга на пациентите во целиот регион.

 |   | 

Нов апарат за магнетна резонанца доби специјалната болница за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо во Охрид. Со овој апарат, донација од ЕУ, ќе се подобри здравствената услуга на пациентите во целиот регион. Клучно е што болните за вакви здравствени услуги нема веќе да се препраќаат во други градови.

Ова значи дека значајно се зголемува пристапот на пациентите до овие апарати. Пациентите од Охрид и од целиот овој регион повеќе нема да патуваат ниту во Скопје ниту во Битола за да ги прават овие снимки. Освен што ќе служи за дијагноза особено во вака една специјализирана установа како што е Свети Еразмо ќе може да бидат и дел од превентивни програми што значи за детекција на други болести и поврзани со Ковид, но и некои кои не се поврзани со ковид – рече министерот за здравство Венко Филипче.

Во пандемијата дојде до израз потребата за рано дијагностицирање на болестите. Студијата на ЕУ од 2018 година покажа дека во земјава има недостиг на апаратура за магнетна резонанца односно само осум вакви апарати на ниво на целата држава, или 25% помалку по глава на жител во однос на европските земји. Уште полоша е состојбата со компјутерски томографи, во земјава има 40% помалку од просекот на европската унија.

На европската унија и претставува задоволство да помогне веќе постојат три вакви апарати за магнетна резонанца кои што денеска ние ги даваме на општина Охрид, Струмица и Прилеп. Оваа медицинска опрема ќе успее да направи разлика во начинот на помагање и превенција на самите болести. Граѓаните од цел овој регион ќе може да дојдат тука за дијагностицирање, како и за третман наместо да одат до Скопје –истакна евроамбасадорот Дејвид Гир.

Испораката на оваа медицинска опрема не само што го подобрува квалитетот за третман на болестите на пациентите, туку и самата брзина на дијагностицирање на болестите, рече Дирк Јан Коп амбасадор на Холандија.

ЕУ од стартот на пандемијата во земјава донираше големи количини на заштитна опрема и над 800 000 дози вакцини против ковид 19.

 

Новинар : Соња Рилковска

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top